Област на делување
                                                    
  

                                  
                                                            


 

 

Трговско право
Основање на сите видови трговски друштва, со домашен и странски капитал.
Состав на акти за основање или промени во трговските друштва, нивни претставништва и подружници.
Застапување во постапки за стечај и ликвидација.

Здруженија на граѓани и фондации.
Основање на здруженија на граѓани и фондации, совети и состав на акти во врска со нивното работење.

Авторско право и индустриска сопственост.
Застапување во постапки за заштита на авторки права и права од индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост и застапување во судски постапки по тие основи.

Граѓанско право.
Состав на договори и други акти од областа на имотното право: облигациони односи, земјиште и катастар, семејни односи, наследување и слично.

Трудово право.
Совети во врска со работните односи, договори за вработување, правилници и други акти со кои се регулираат прашањата од работните односи.
Вработување и дозволи за работа на странци .

Застапување во судски и управни постапки.
Застапување во граѓанско правни постапки пред судовите и управни постапки. Застапување во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург.